Почина ликовниот уметник Илија Кочовски

Вчера во 77-та година од животот почина уметникот Илија Кочовски. Тој е роден во Битола во 1945 година. Заврши Училиште за применета уметност во Скопје и Академија за ликовна уметност во Белград, а во ликовното творештво и на јавни ликовни манифестации беше присутен од од 1967 година.

Во текот на својата ликовна кариера, приреди 70 самостојни самостојни изложби, 17 со Ликовната група 77. Учествуваше на голем број групни национални и меѓународни изложби, меѓу кои и оние во Париз, Лондон, Глазгов, Стокхолм, Буенос Ариес, Белград, Љубљана, Софија, Варна, Канагава, Мелбурн, Харов, Рациборш, Вироинвал, Прахова, Анкара, Истанбул. Но и на разни ликовни колонии и симпозиуми.

За своите ликовни дела, доби бројни награди. А беше и член на Ликовната група 77/Кочовски, Кочевски, Манев/ДЛУМ и ДЛУБ.

Scroll to Top