Ноќеска ненадејно почина македонска поетеса Виолета Сековска. Таа зад себе има голем број издадени книги, како и награди, и дома и во странство.
Виолета Сековска ќе биде запаметена како голем македонски патриот.
Сековска активно почна да се занимава со поезија од 2011 година со објавување на својата прва стихозбирка „Македонија“ посветена на нејзината земја. Има вкупно осум збирки и една збирка детска поезија „Светот на Јаков“. Коавтор во многу збирки поезија надвор од границите Македоннија, учесник во македонски антологии, англиска антологија итн. Честопати наградувана во Македонија, Србија, Хрватска. Меѓу наградите се и за интерпретација, поет на годината, најдобра песна на поетски фестивал.
Погребот ќе биде денес во 13.30 часот на гробиштата во Бутел во потесен круг на најблиските. Тажната вест преку социјалната мрежа на „Фејсбук“ ја сподели нејзината ќерка Сара.