Почина македонскиот моторџија Ивица Калап

Во Прилеп на Божиќ ненадејно почина познатиот македонски моторџија, Ивица Калап. Бројните пријатели со неверување ја примија веста за неговата смрт. Од него се простуваат преку социјалните мрежи, а меѓу нив е и новинарката Каролина Дурло, која напиша дека тагата е преголема, но дека на големи празници умираат само избраните.

Засега не се познати причините за смртта.

Scroll to Top