Почина музичарот Васил Ангов од корона

By

Од компликации со коронавирус, вчера во Гевгелија почина музичарот Васил Ангов. Тој е трета жртва од Ковид-19 во Гевгелија. Веста за смртта на пејачот ја објави неговиот син Димитар на Фејсбук.

Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа песната „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив. Испеа неколку песни, меѓу кои „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“. Ангов настапи и на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.

Ќе ви се допадне