Оливија Њутн-Џон почина денеска на 73-годишна возраст по долгогодишна борба со ракот на дојката. Холивудската глумица почина утрово во нејзинот дом во Јужна Калифорнија.
Тажната вест ја објави семејството кое последните моменти ги поминало со неа, а беше објавено и на нејзината официјална страна на „Фејсбук“. Тие побараа да се почитуваат приватноста во овој тежок период за нив.
Наместо цвеќе, семејството побара да се направат какви било донации во нејзин спомен во нејзината фондацијата Оливија Њутн-Џон (ONJFoundationFund.org).
Оливија беше добитник на четири Греми награди. Глумеше заедно со Џон Траволта во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј Брилијантин, кој го оформи еден од најуспешните музички теми во Холивуд.
За потсетување, австралиската пејачка и глумица беше омажена за Џон Истерлинг со кого ја имаше ќерката Клои Латанци.