Почина Сашо Пижевски – Пиже од култните „Хавана бенд, скопски урбан лик кој секогаш беше дел од градскиот живот

By

Денеска во Скопје на 57 години ненадејно почина Сажо Пижевски – Пиже, поранешен член на култниот „Хавана бенд“ и скопски урбан лик. Пиже ќе остане запаметен по хитовите „Шток ми бејби“, „Дај ми, жити сè“, „Нема спас“, кои ги изведуваше заедно со Игор Џамбазов и Горан Атанасов – Зеко.

dobivaj vesti na viber

Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, а потоа се преселил во Влае, каде што живееше и сега. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-те години до денес. По распаѓањето на „Хавана бенд“, се посвети на угостителскиот бизнис, а повремено, како гостин, учествуваше во неколку музички проекти.

Изминативе години тој беше сопственик на порталот „Мајка ти и татко ти“, но во последно време беше актуелен со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, кој го направи во соработка со Александар Митевски.

Пријателите и јавните личности со неверување се простуваат од Пиже, кој пред само неколку часа објави фотографија на Фејсбук и се потсети на кафанска седенка во ’80-те со Зеко. Меѓу првите што се простија од Пиже беше неговиот долгогодишен другар, актерот Игор Џамбазов.

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скијатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: ‘Џамбаз, уште не им се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив’. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате,“ напиша Џамбазов.

Ќе ви се допадне

nạp tiền go88 go88 info play go88 game bài đại gia

sunwin đánh bài SUNWIN - Game bài đổi thưởng top đầu năm 2022 đăng ký làm đại lý sunwin