Почина скопјанецот Ибрахим Хајрадиновиќ-Ибро, кој се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“

На 60-годишна возраст во Скопје почина Ибрахим Хајрадиновиќ-Ибро, кој оваа сезона се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“. Веста за неговата смрт за „Гранд онлајн“ ја потврдиле пријателите, кои рекле дека Ибро се борел како лав цела година по операцијата на панкреасот.

„Се бореше со сите сили до крајот, но, за жал, не издржа“, рекле тие за „Гранд онлајн“.

Ибрахим минатата недела настапи во шоуто и тогаш рече дека благодарение на оваа емисија повторно добил волја за живот и желба за пеење.

„Ибро е еден од победниците на овој серијал, а секој негов настап покажува дека тој е на вистинското место“, рече тогаш Саша Милошевиќ-Маре. Таа недела во жирито беше и Сања Вучиќ од „Хурикејн“, која рече дека е воодушевена од Ибро и дека ѝ се допаѓа како тој го доживува натпреварувањето.

Хајрадиновиќ е роден во Сјеница 1962 година. Во Скопје се преселил како дете кога запишал гимназија, па поради него и целото семејство од Сјеница дошло во Скопје. Тука живеел целиот свој живот. Почнал да пее во 1983 година кога учествувал и победил на познатиот музички натпревар „Распеана есен“. Како награда тој добил снимање песна, но наградата никогаш не ја искористил. Наместо на музиката, им се оддал на пороците, па почнал да се коцка.

„Ми предвидуваа успешна музичка кариера, се дружев и пеев со Муарем Сербезовски, ама коцката ме влечеше повеќе од пеењето. Никогаш не бев добар коцкар, губев многу. Секогаш кога ќе заработев пари, ги трошев на коцка“, рекол тој во шоуто.

Пред десет години се развел од сопругата, со која имал три ќерки.

Scroll to Top