Почина таткото на Калиопи, пејачката со емоции се прости од него

Почина таткото на Калиопи, a таа веста ја објави на социјалните мрежи.  Пејачката се прости од него со фотографија и емотивна порака: „Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш“, напиша Калиопи.

Таа минатата година објави видео како го бричи нејзиниот татко и рече дека тоа и е најомилениот момент во периодот на изолација. Рече дека кога била мало девојче, најмногу сакала да гледа нејзиниот татко го прави тоа.

„Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене! Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн. И сега, после толку години, улогите се сменија. И можеби ова е многу помило и поубаво за мене. Еден од моите најомилени моменти во изолација, бричење на брадата на тато. И јас се усовршив. Како да пишувам една од моите најубави песни“, напиша Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Калиопи се сеќаваше и на моментите поминати со нејизните родители на патување во Истанбул, со црно бела фотографија кога таа била мало девојче.

Scroll to Top