Почивај во мир мајсторе на емоции: Од Бајага до Северина, цел регион се простува од Аки

Веста за смртта на пејачот Ахи Рахимовски ги најде затчени не само неговите обожаватели, туку речиси сите  јавните личности од регионот. Од Бајага, до Северина, Каролна, Жељко Самарџиќ, Калиопи…

„Песните што ги отпеа  обележаа скоро пола век и еден куп генерации што ги пееле. само господ знае колку љубов имаше во секој тон’, вели Перо Камиказа.

Нема кој не напиша збор два за него. На социјланите мрежи се збогуваат од него речиси сите јавни личности од регионот.

Хрватските медиуми ја објавија веста, дека  утрово му се слоши на пејачот на “Парни ваљак“, кој завршил во болницата во Ново Место, каде по еден час починал.

 

Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Бидејќи неговиот татко бил професор по музика, на седумгодишна возраст започнал музичко училиште, клавир и отсек за пеењее.

Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Крвни брадерс и Тор, со кои настапувал на фестивалот во Загреб во 1975 година. Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хуса и Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаа првата постава на Парни ваљак.

Scroll to Top