Поднесено обвинение за глумицата Силвија Стојановска за шверц на кокаин

Обвинителството за гонење организиран и корупција поднесе обвинение против актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг за шверц на кокаин од Колумбија во Шпанија. Тие беа уапсени пред шест месеци во рамките на меѓународната операција „Колибри“ заедно со уште три лица во Шпанија, а Обвинителството бара да ѝ се продолжи куќниот притвор.

Стојановска и нејзиниот сопруг се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

За да не бидат откриени,  во нивните постојани активности,велат од Обвинителството,  обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат-телефонски мобилни уреди, како и енкрочат-мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор (PROTECT 1207i).

 

 

 

Scroll to Top