Актерот и шоумен Игор Џамбазов ја најави својата најнова книга со наслов „Книгата што сама се напиша“. Тој објави извадок од неа и напиша дека набргу ќе ја објави.
Ова е негова осма книга што ја има напишано. „Тоа сум јас“ со поднаслов „Нека цркнат душманите“ е неговата прва книга, во која пишуваше за својата мајка, глумицата Анче Џамбазова.
Во 2004 ја напиша „Гол човек“, која важи за една од неговите најконтроверзни книга, во која Џамбазов се соголи пред читателската публика и искрено говореше за својот приватен живот.
View this post on Instagram
По неа, следуваше „Прирачник за анти-антиалкохоличари“, каде што говореше за своите проблеми со алкохолот. Во 2013 пишуваше за својата мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска „Приказни од Мјаукедонија“.
Следната година ја издаде „Облечен човек“, во која ги водеше читателите низ своето детство во младоста. Во 2016 излезе од печат „Умрен човек“ за на крајот, во 2017 година, да издаде збирка песни со наслов „Улица Диши длабоко“.