Пред почетокот на денешното судско рочиште за настаните од 27 април се случуваше вистинска драма на пријавницата пред влезот во новата зграда на кривичниот суд, пренесе Макфакс. Судската полиција, при контрола на обвинетите Владо Јовановски и Борис Дамовски, од нивните чанити извади списанија, бурек и сок и не им дозволи да ги внесат во судницата.
Полицијата го извади бурекот од чантата на актерот Владо Јовановски, и му кажа дека не смее да го внесува во судската сала. На тоа Јовановски се насмевна и рече дека можеби во бурекот има опасни материи.
Обвинетиот Борис Дамовски се лутеше оти не може да внесе списанија во судницата. Рече дека списанијата не се електронски уред за да не може да ги внесе. Во расправијата меѓу тројца припадници на судската полиција и обвинетиот Дамовски, во која Дамовски инсистираше да ги внесе списанијата, едниот од полицајците му рече да не се расправа и дека во судницата е дозволено да влзе само со вода.