Полуматуранти го испровоцираа Баже Грујовски: Децава пејат песни што се слушаа по вашари, ние славевме со светски хитови

Фолк пејачот Благоја Грујовски се присети на својата полуматура, инспириран од матурските забави овие денови кои на големо е се слават во Скопје. Но, за разлика од тогаш, полуматираните слушаа добра и модерна музика. Денес ечи српска кафанска музика, за која во тоа време, вели Баже, младината и немала каде да ја слушне, оти на радијата се пуштале одбрани песни.

„ Полуматурска младина (ги слушам веќе 2 саати) пејат во еден глас стари српски кафански рефрени од 70те и 80те години. Ред по редум. Импресивно. На мојата полуматура 1977 ние не сме ги знаеле овие песни. Јас ги дознав после во војска ’81, а ниту нѐ интересирале како генерација. Главни хитови тогаш ни беа Superstition, првите албуми на Дугме, и многу други. Не сме имале абер дека тогаш постоела таква кафанска музика. Немаше интернет, слушавме радио.

На средни бранови. Некогаш успевав да го уловам Радио Луксембург, ноќе. Радио Скопје пушташе избрана македонска и светска музика. Три Гонга, па Драган Б.Костиќ, па радио Белград исто. Селектирана програма. Ова што децава сега го пејат надвор,во она време се емитуваше главно на радио Александровац, радио Шабац, на вашари и не допирало до нас. Ама допрело до денешниве полуматратни .Интересна трансформација особено последниве 30 години“, вели Грујовски.

Scroll to Top