Порнографска содржина на фан-страницата на Кристина Арнаудова, пејачката бара помош од надлежните

Порнографска содржина споделена преку фејсбук стори од официјалната фан страницата на поп-пејачката Кристина Арнаудова која е хакирана од лани летото. Пејачката сподели фотографијата која била поставена на фејсбук сторито и соопшти дека фан страницата сега се искористува во порнографски цели.

„Дечки мојата официјална страница е хакирана уште од лани летото. Сега на неа ставаат некако порнографски контент, и луѓе ми пишуваат. Знам, ама немам што да превземам. Пишав на Министерство за внатрешни рбаоти, сајбер секјурити, не ми ни одговорија, пишав едно 10 пати на Секјурити Тим, не ми вратија ниту еднаш. Така да пријавувајте ја таа страница како „некој што се преправа дека некој друг“, за да ја затворат, колку и да е ми е болно тоа бидејќи таа најмногу ја користев за комуникација со луѓе на кои им треба помош“, стои во објавата на пејачката.

Лани кога таа објави дека фан страницата „Кристина Арнаудова“ на Фејсбук е хакирана, направи нова и ги покани повторно сите нејзини пријатели повторно да ги следат нејзините активности на социјалните мрежи, па потоа се пожали дека мал број пријатели ја заследиле и дека тоа покажува колку ја ценат нејзината работа.

Инаку Аранудова последниот период беше активна со нејзината телевизиска емисија „Проект Среќа“ и им помагаше на социјално загрозени семејства. Телевизискиот прокет беше прекинат за како што таа рече заинтересираноста на компании и фирми кои ќе им помогнат на овие семејстава.

 

 

 

Scroll to Top