Постар фустан од личниот гардеробер за средбата со Вартоломеј: првата дама во Истанбул

Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска денеска му беше придружба на претседателот Стево Пендаровски во Истанбул, во посета на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј Први.

За оваа средба сопругата на претседателот одбра црн класичен фустан со должина под колената како што налага протоколот, во комбинација со црни чевли со ремче.

„Фустанот е од личната гардероба на г-а Ѓоргиевска и го има од поодамна“, изјавија од претседателскиот протокол за Репортер.

 

 

 

Scroll to Top