Познатиот готвач Антонио Јанковси боледува од рак, а нема ниту дом

Антонио Јанковски познатиот македонски готвач, кој секојдневно го гледавме на телевизија  боледува од карцином. Освен тоа, тој бара работа за да може да преживее, затоа што морал да ја  напушти куќата во која живее. Во разговор за Досие си ја отварил  душата за голготата низ која поминал.

Вели дека најтежок момент му бил распадот на бракот, останувањето без работа, болеста, но открива и дека имал тешко детство.

„Имав еден баш вака лош период кога исто така преку ноќ снема се, ама ни тогаш не се откажав. Одев на пазарче чистев за храна, имав повеќе пријатели, поширок круг од тогаш. Долгодишните пријателства повеќе афектираат отколку секојдневните познанства. Јас пред два месеци си го загубив последниот пријател со кој се познаваме 20 години. Бев да му побарам помош не ми отвори врата. Му имав многу помогнато во животот што е глупаво да се спомнува, но тој можеше барем вратата да ја отвори, вели тој.

За болеста раскажал дека со неа се бори секој ден.

„ Кога ќе одиш да си ги земеш резултатите и ќе ти го отворат пликото не треба да ти кажат ништо, оти кога ќе му го видиш изразот на лицето на докторот, не мораш да читаш резултати. Имаш родители  на кој им кажуваш дека си во хаос, ама  немаат слух. Едната вели се премажив си имам свој друг живот, другиот во 34 години сум го видел 3 или 4 пати и тоа ако тој има проблем во животот. Имаш па немаш ништо, што од страв, што од незнаење, што од алчност што од себичност. Така се врти кругот и доаѓаш до степен кога воздухот губи вредност“,  раскажал Антонио .

Scroll to Top