Премиере, не оди дрес преку кошула!

Откако премиерот Зоран Заев присуствувше на натпреварот меѓу Македонија и Шпанија, твитерџиите се мајтапеа на сметка на неговата облека. Тие му замерија и за изборот на облека и му порачаа да си најде стилист, а во една од пораките пишуваше дека можеле барем еден фешн гуру да вработат во Влада зашто дрес не оди преку кошула.

Натпреварот на кој присуствуваше Заев нашите ракометари го изгубија со резултат 31:20, од Шпанија, па на „Тивтер“ се појавија бројни коментари дека Заев ја избаксузирал репрезентацијата и дека поради него сме изгубиле.

 

 

 

Scroll to Top