„Преспав“ помина на референдум, изгласана шеста сезона и почнува снимањето

Продуцентите на хит-серијата „Преспав“, конечно, ја најавија и шестата сезона од оваа хумористична серија. Тие побараа од публиката да гласа дали сака нова сезона и на шега велат дека имале успешен референдум.

„Драги преспавци, ви благодариме за гласањето. Излезноста беше максимална и иако до самиот крај беше неизвесно, сепак победи хаштагот #Сезона 6. Честитки до сите двајца учесници“.

Коста, Ула, Миле, Јелена, Марио, Талат, Тони, Исаура, инспектор Томе – ќе се вратат набргу во новите епизоди од омилената хумористична серија.

Продуцентите за сега не откриваат ништо, но ги репризираат најзабавните видеа од петтата сезона со порака: Очекувајте нè набргу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Преспав (@pansionprespav)

Scroll to Top