Фолк пејачката Сузана Гавазова направи проблеми на Фејсбук, откако објави провокативна фотографијакоја за која напиша : „Дали сакате уште фотографии или за денес доста се“.
По ова следеше и кометар : “Баш ни е дојдено до тебе да те гледаме. Во Бејрут експлозија,мртви, ранети. Вирус ковид, секој ден умираат дечиња, млади, старци, изнемоштени. Биди хумана, помогни на некој и сликај се. Не е интересно веќе со фотошоп задници’, стои во коментар под фотографијата на Гавазова.
На ова и фолк пејачката возврати : „Тебе никој ништо не те праша“.
Како и да е по овој кометар, следеа и еден куп комплименти за пејачката која не ретко споделува провокативни фотки, најчесто во танга бикини. Гавазова овој период е во Македонија, иако долго живееше во Шведска со сопругот и со ќерките. Во време на пандемијата таа имаше неколку онлајн концерти.
„