Промоција на нов музички проект на Бојана Скендеровски

Премиерното слушање на композицијата зад која како автор застанува колега на Бојана Скендеровски (чие име барем до понеделник останува изненадување), но и премиерата на видеозаписот, се закажани в понеделник во ресторанот „Дион“ во Центар, со почеток во 19:00 часот.

„Велат, среќата е единствената работа која се множи кога се дели затоа дојдете заедно да прославиме за новите проекти, да наздравиме за работите кои следуваат и да уживаме во убавите моменти бидејќи само тие се паметат“, вели тимот на Бојана.

Scroll to Top