Промовирано видеото за необјавената божикна песна на Влатко Илиевски

By

Видеото за необјавената божикна песна, „Песна за нас“, во изведба на Влатко Илиевски и хорот на „Златно славејче“, е промовирано на Јутјуб каналот на починатиот пејач. Песната претходно беше промовирана во етерот во пресрет на новогодишните и божикните празници.

Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото на Александар Митевски.

За потсетување, Влатко Илиевски почина летото пред две години, кога беше пронајден мртов во својот автомобил во населбата Аеродром.

Ќе ви се допадне