Првата дама избра бисерен ѓердан и едноставен фустан за бдеењето во Лондон: Бети и Стево ѝ оддадоа почит на кралицата

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета денеска во Лондон ѝ оддадоа последна почит на кралицата Елизабета Втора која почина минатата недела. Пендаровски прво се потпиша во книгата на жалост, а потоа со сопругата стоеја на балконот на Вестминстерската опатија, од каде државниците од цел свет ѝ оддаваат почит.

Сопругата на претседателот носеше едноставен црн фустан со бисери, со малку шминка, а косата ѝ беше врзана во пунџа. Иако е позната по соработката со скоро сите македонски дизајнери, Бети овој пат избра фустан што ѝ го соши нејзината долгогодишна шнајдерка.

„Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“, напиша Пендаровски и сподели видео на социјалните мрежи.

Кралицата Елизабета почина на 96 години во нејзиниот замок во Шкотска. Погребот ќе биде утре во замокот Виндзор, а таа ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг Филип, кој почина лани. На погребот се очекува да дојдат претседатели и државници од цел свет, а „Би-би-си’ ќе врши директен пренос.

Scroll to Top