Првиот македонски порноактер Драги Шпага едвај ја преживеа короната

Драги Шпага, познат по учеството во едно реално шоу но и првиот македонски порноактер,  раскажа за неговото искуство со коронавирусот. Поминал тежок период, но, за среќа, пополека се враќа во нормала.  Ви го пренесуваме неговото искуство со Ковид-19:

„Мојата средба со Ковид-19  започна на 28 август 2020 година. По три дена повраќање имав  температура 38.5, а веќе  следниот ден, во вторник, температура 39. Среда, ден 6, температура 39.5 и проблеми со дишењето, кислородот 40-60 супституција.

Четврток, ден 7: тестирање во „Авицена“ – позитивен на Ковид-19

Петокот, ден 8: изнемоштеност, слабо дишење потење, нема температура

Саботата, ден 9: црно повраќање, нема температура, изнемоштеност 100%.

Недела, ден 10: целосно губење, повраќање, брза помош правец гастро, со некое црево до желудник, полусвесност па кома дваесет часа.

Понеделник, ден 11: будење од кома во „8 Септември“, ковид-центарот, тука со инфузии, крвна плазма и разни терапии.

Вторник, ден 12: примам крвна плазма, лежам изнемоштено, не сум јадел ништо .

Среда, ден 13: примам крвна плазма, лежам изнемоштено, мислам дека првпат јадев, и тоа пица. Тест за корона  – негативен.

Четврток, ден 14: примам крвна плазма, лежам, но веќе полека добивам некоја сила. Тест за корона – негативен.

Петок, ден 15: тест за корона број 3 –  негативен, попладнето на 11 септември си одам дома…

Сум имал пневмонија, па потоа некое внатрешно крвавење во желудникот поради што сум изгубил многу крв. Шансите да преживеам ми беа 20%.

Матичниот ми вели дека сум бил за во енциклопедија.

Од 11 септември 2020 до денеска сè уште сум изнемоштен, но полека се враќам во нормала“, раскажа Драги Шпага.

За потсетување, Шапага играше во филмот на Горан Милиќ, „Жена ми Мира пак мастурбира“„ и беше популарен во јавноста. Првпат се појави во едно реално шоу, по што прифати да игра во македонски порнофилм.

Scroll to Top