Пулексенија Јованоска ќе ја претставува Македонија на Олимпијадата во Токио

By

Олимпискиот стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) и членот на Карате федерацијата на Македонија, Пулексенија Јованоска, е седмиот македонскиот спортист кој ќе учествува на Олимписките игри во Токио 2020 година.

dobivaj vesti na viber

Игрите требаа да се одржат минатата година, но, беа одложени поради пандемијата со коронавирусот.

Јованоска која доби вајлд-карта за учество на овие Игри ќе настапи во дисциплината Кати. Таа ќе настапи на 5. август во Нипон Будокан салата, со почеток во 10:00 часот по Јапонско време, односно 3:00 наутро по македонско време.

 

Ќе ви се допадне