Ракометарот Мартин Поповски ќе стане татко, направи забава за да го открие полот на бебето

Македонскиот ракометар Мартин Поповски и неговата сопруга Стојна првпат ќе станат родители. Тие направија забава со неколку пријатели во ресторан во Швајцарија, каде што Мартин игра ракомет, и открија дека чекаат ќерка. Особено задоволна беше Стојна, која не криеше дека е среќна што носи женско дете.

Мартин и Стојна се венчаа во март, а кумови им беа пејачката Александра Јанева и дечко ѝ. Парот по многу години врска, се сврши околу Нова година кога Мартин ја побара Стојна за жена на плажа во Мексико.

За потсетување, Поповски пред Нова година го продолжи договорот со Амичитија Цирих и ќе остане во швајцарскиот прволигаш уште две години. Таму дојде од екипата на Пролет, а во кариерата настапуваше и за Вардар, Вардар Јуниор и за Текстилец. Мартин играше за репрезентацијата на Македонија во времето кога селектор беше Лино Червар.

Scroll to Top