Македонскиот ракометар Мартин Поповски и неговата сопруга Стојна Гогова добија ќерка која ќе се вика Алесија. Стојна се породи во болница во Швајцарија, каде што двојката живее веќе неколку години.
Тие на крајот на летото направија забава со неколку пријатели каде што го открија полот на бебето. Се венчаа во март, а кумови им беа пејачката Александра Јанева и нејзиниот дечко.
За потсетување, Мартин пред една година го продолжи договорот со Амичитија Цирих и ќе остане во швајцарскиот прволигаш уште две години. Таму дојде од екипата на Пролет, а во кариерата настапуваше и за Вардар, Вардар Јуниор и за Текстилец. Поповски играше за репрезентацијата на Македонија во времето кога селектор беше Лино Червар.