Раперот Иван Ајнштајн го објави првиот албум

Иван Ајнштајн, познатиот јутјубер и рапер, го промовираше својот прв албум „Муабети“. Како најава за албумот пред неколку дена го пушти интрото снимено со Стефан Лазаров и песната „Муабет“.

„Албумот има 12 нови песни и интро. Најголемиот дел ги работев со Дејвид Блек, а гости на албумот се Лазаров, Дејвид Блек, Тракер, Вајб, Тајт, Смоук хаус. Може да се слуша на јутјуб и на сите стриминг платформи, Спотифај, Епл мјузик, Дизер“, ни кажа Иван.

Тој неодамна во интервју за „Репортер“ откри дека снима музика од дете, а првите текстови ги напишал на девет години.

„Знаеш, јас пред да бидам јутјубер бев музичар. На девет години почнав да рапувам и го напишав првиот текст. Таа визија дека ќе станам познат јутјубер во Македонија сум ја немал никогаш. Само го правев тоа што ми е интересно и го објавував на Јутјуб“, ни кажа тогаш Иван.

Scroll to Top