Раскошна трпеза за роденденот на Татјана Лазаревска 

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска  славеше роденден. Таа освен што на интересен начин на својот фејсбук-профил објави колку  години полни, имаше и одлична забава во новиот дом во Малбурн, Австралија, каде веќе пет години живее со сопругот Новица и синовите Стефан и Петар. Таа направи журка и за роденденот и за вселувањето во куќата што ја купија неодамна, а се преселија за Василица годинава.

Таа во интервју за „Репортер“ раскажа дека во Австралија се среќни, каде таа покрај пеењето работи како воспитувачка во градинка, а Новица е возач на школски автобус. Татјана летово беше во Скопје заради свадбата на својата братучетка.  Тогаш таа во разговор ни откри дека Новица сè уште не е дојден во Македонија.

Scroll to Top