Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи, готвачот кој детството го помина во Македонија, доби три Мишелин ѕвезди

Водичот Мишелин го објави својот избор за 2021 година за нордиските земји и има два нови ресторани со три sвезди: Нома во Копенхаген и Маемо во Осло. Ресторанот „Нома“ е на шефот со потекло од Македонија кој дел од детството го поминал во гостиварско.

Храмот на нордиската кујна во Копенхаген, Нома, на Рене Реџепи, конечно беше награден со трета Мишелин sвезда на церемонијата што се емитуваше од концертната сала Ставангер во Норвешка.

Ресторанот на Реџепи имаше Мишелин sвезди повеќе од една деценија, дури и кога беше на врвот на листата од 50 најдобри ресторани во светот во 2010 и 2011 година. Реџепи го затвори Нома за да го премести на урбана фарма на нова локација, надвор од Копенхаген. Ресторанот се отвори во 2018 година по едноа година пауза.

Откако беше отворен во текот на летото по периодот на присилно затварање, па дури и ребрендирање во локал за вино и плескавици, Нома се врати во полн ек како еден од најиновативните ресторани во светот.

„Не знам што да кажам, потполно сум збунет“, рекол Реџепи на церемонијата. „Целосно сум изненаден, чувствувам нешто што не сум го почувствувал досега, не знам како да го изразам во моментов. Јас сум навистина, навистина, навистина, целосно воодушевен. Многу сум среќен што имам неколку членови на мојот тим тука за да бидат со мене во овој посебен момент. Имавме две sвезди, мислам од 2007. година, ова се 14 години чекање, имаме трпение. Во еден момент, исто така, мислите дека можеби тоа никогаш нема да се случи“.

Тој, исто така, е добитник и на наградата Мишелин готвач-ментор, како признание за огромното влијание што го имаше врз многуте готвачи што поминаа низ неговата светски позната кујна.

 

Scroll to Top