Ристо Вртев, Гоца Тржан, Ламбе – Тони Цетински ја кренаа на нозе Битола на фестивалот „Балкан гала“

Камерениот оркестар на Битола го преполни Ракометното игралиште со два гала концерти на овогодинешниот Балкан Гала ’22 фестивал . Два дена настапуваа домашните, регионалните и интернационалните артисти. На фестивалот Рок Симфонијата, посетителите уживаа во настапите на  Жарко Јакимоски, Петар Младеновски,  Ружица Ареа, Гиле од Електрични Оргазам и Михајло Трајковски – Сак.

Настап имаше и Ристо Вртев, кој буквално ја крена на нозе публиката која во еден глас ги пееја неговите песни. И покрај најголемата Рок Симфонија досега и бисот на сите учесници, публиката непрестано со громогласен аплауз ги поздравуваше и повикуваше музичарите да се вратат на сцената. “Нема поубаво чувство кога работите на ваков фестивал и гледате дека сте организирале концерт кој никого не оставил рамнодушен“, велат организаторите диригентот Владимир Димовски и виолинистот Владимир Цветковски.

Селедниот ден беше Поп-Симфонијата која отвори Виктор Апостоловски по кого следуваа настапите на Викторија Лоба, Александра Јанева, Ламбе Алабаковски и Ристо Самарџиев. Покрај настапите на нашите пејачи пееше и Гоца Тржан која не ги задржа солзите додека ја пееше Игри без граници од Тоше. Амтосферата на ракометното игралиште достигна кулминација со настапите на Горан Каран и Тони Цетински, кои ја затворија Поп Симфонијата пеејќи во дует.

Scroll to Top