Роденден на плажа за внуката на Каролина: пејачката за забавата на Луција облече црвен фустан

Поголемата внука на поп-пејачката Каролина Гочева прослави 12. роденден. Пејачката објави фотогрфија од роденденот на Луција која го прославила на плажа, со балони и торта.

„Среќна 12-ка тетина прва љубов“, напиша Каролина.

За оваа пригода Каролина одбарала црвен долг фустан.

Пејачката често објавува заеднички моменти кои ги помиува со нејзините внуки Луција и Инес и не крие дека тие се нејзина слабост, за Репортер рече дека љубовта на тетката е веројатно слична како што е љубовта на мајката кон децата.

Таа заедно со нејзината сестра и внуките секоја година одат на заеднички женски одмор, за ова Каролина зборуваше за Репортер.

„Секое лето тие неколку дена ми се најубави. Знаеме и да се скараме и да се смириме, ама тоа е сè нормално за семејствата што се блиски“, раскажа Каролина.

Посебна приказна е сестра ѝ Сандра, од која е две години постара. „Уште кревам паника ако ја нема да се јави, па им вртам на сите можни луѓе што се околу неа за да ја чујам ако не ми крене. Сега внуките ме научија, па ѝ велат: мамо јави ѝ се на тета за да не се секира. Кога бевме мали, двете бевме рогови во вреќа оти во тинејџерските години се забележуваше таа разлика. Денес, имаме исти пријатели и многу сме блиски. Кога се караме, сакам да држам лутина, ама не ми оди, а и денес, исто како и кога бевме мали, си ја крадеме облеката една на друга“, раскажа Каролина.

 

Scroll to Top