Русинката Маша има нова песна, со македонски автори ќе ја освојува публиката

Младата пејачка од Русија Маша ја објави својата најнова песна „Галасови“. Текстот е нејзин, додека музиката и аранжманот се на Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски. Видеото го сними режисерот Данил Јовески.

„Горда сум на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат“, ни рече Маша.

Маша во моментов студира на реномираниот музички факултет во Валенсија, Berklee College of Music. Таа рече дека сака целосно да ѝ се посвети на нејзината најголема љубов, музиката.

Scroll to Top