Сакам бебе, ќе видиме што Бог ќе ни подари, открива Тијана

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ , која ја гледаме и како Ула во серијата „Преспав“, е на зимување во Австрија заедно со сопруот  Милан и синот Вук. Неодамна таа го привлече вниманието во српските медиуми, откако изјави дека сака да стане мајка годинава. „Имам една желба за 2019 година. Сакам да станам мајка. Ако не наредната година тогаш во 2020. Млада сум“ изјави Дапчевиќ во интервју за еден српски портал.

Таа откри дали би прифатила и со вештачко оплодување, за повторно да стане мајка.

„Кога ќе дојде време за тоа, ќе видиме. Од оваа перспектива можам да кажам дека ќе го направиме тоа и тоа да видиме што Бог ќе ни подари“ вели Дапчевиќ.

Scroll to Top