Сакам и догодина заедно да славиме роденден – сопругата на Момо повторно бара помош

Откако пред десетина дена беше објавено дека фолк-пејачот Момо Николоски боледува од рак на желудникот, неговата сопруга Валбурга Батева-Николоска постојано објавува негови слики и статуси во знак на поддршка. Таа на и на денот на нејзиниот роденден јавно порача дека има само една желба, уште многу родендени да слават заедно.

„За мојот утрешен роденден имам само една желба – овој прекрасен човек да го прослави со мене и идниот, а и сите други кои Господ ќе ми ги даде. Драги пријатели, помогнете ми во остварувањето на оваа желба“, напиша меѓу другото сопругата на пејачот и уште еднаш побара од јавноста да донира средства за негово лекување во странство.

Веста за болеста на фолк-пејачот прв ја објави музичарот Сашо Ливрински, кој побара донации за лекување на Момо. Тој побара целата естрада да се вклучи за да може да му се помогне на доајенот на македонската музика.

Пејачот Момо Николовски сериозно болен, потребна е итна помош

Scroll to Top