По песната „Ме изгуби ти“, Ангел Спасов, младиот средношколец од Струмица, на јавноста ѝ ја претставува својата нова, втора песна со наслов „Сам продолжувам“. И за оваа песна тој работи со истиот тим, Роберт Билбилов и Тања Соколовска.
„Мојата прва песна наиде на одлични реакции кај публиката, па тоа ме мотивираше да ја објавам и оваа тема, дури и побрзо од планираното. Луѓето кои работеа на „Ме изгуби ти“ се покажаа како добитен тим, па затоа екипата која работеше и сега не само што останува иста, туку е и проширена со Тања Соколовска која придонесе многу за врвната музика направена од хитмејкерот Роберт Билбилов да зазвучи така како што во моментов може да чуе публиката – полна со емоции“, вели Ангел
Видеото е работено со Зоран Зонде Стојановски, а во кадрите освен Ангел една од главните улоги ја има Јована Ѓо, која, како што вели тој, со својата харизма дополнително придонела видеото да изгледа светски.
„Спотот е приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање, а главната улога ѝ припадна на Јована. Тука се и Симона Спиркоска и, кои играат на хип-хоп делот, потоа Гала Поњавиц, Миа Гирауд и Трајче Манчевски, а при реализацијата на видеото во голем дел помогна и Александар Мижимаков“, вели Ангел.