Сара Климоска е најдобар млад актер во подем на Берлиналето

Македонската актерка Сара Климоска во Берлин ја доби наградата Shooting Stars за 2021 година, која им се доделува на млади актери во подем. Таа ја доби наградата за улогата во филмот на Игор Алексов, „Лена и Владимир“ според сценарио на Александар Русјаков.

Сара изминатиов период имаше неколку големи улоги вклучувајќи ги и оние во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски, „Џган“ во режија на Вардан Тозија и други.

Церемонијата за доделувањето на наградите за најдобрите европски актери во подем се одржа на Berlinale Musem Island во рамките на Берлинскиот филмски фестивал – Берлинале.

26-годишната актерка беше номинирана од страна на Агенцијата за филм на РСМ, која е долгогоден член на European Film Promotion.

Досега оваа награда ја добиле само тројца македонски актери, и тоа Лабина Митевска во 1998 година, Наташа Петровиќ во 2011 година и Благој Веселинов во 2019 година.

Scroll to Top