Сара Климоска ја освои награда за најдобра актерка за улогата на Доста во „Кајмак“

Актерката Сара Климоска ја освои наградата за најдобра актерка за улогата на Доста во филмот „Кајмак“ на фестивалот за филм во Сомбор, Србија. Во Србија филмот беше и на редовниот репертоар во кината.

Филмот ќе има и американската премиера на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Станува збор за еден од  најреномираните независни фестивали, а програмата поддржува нови и креативни уметнички дела.

„Кајмак“ неодамна ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „ Филмот досега е  продаден во над 50 земји од Европа и во многу земји низ светот. Филмот светската премиера ја имаше на фестивалот во Токио.

Scroll to Top