Сара Климоска прогласена за европска ѕвезда во подем

Актерката Сара Климоска, е прогласена за Европска ѕвезда во подем. Една од ѕвездните на последниот филм на Милчо Манчевски, „Врба“, е добитник на наградата „Шутинг старс“, што ја доделува платформата Европска филмска промоција.

Наградата ќе ја добие летово во Берлин, кога ќе се доделат и наградите од Берлинале, a Климоска се најде меѓу десетте најдобри актерски таленти во Европа.

Таа е номинирана од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а во изборот се млади таленти од Германија, Франција, Холандија, Шведска, Унгарија и Ирска. Нивното претставување е закажано од 23 до 25 февруари, една недела пред почетокот на 71. Берлински филмски фестивал.

Жирито за Климоска имало само пофални зборови и вели дека таа е вистинско откритие на годината. Нејзиниот талент особено беше забележлив во најновиот филм „Лена и Владимир“ на Игор Алексов, кој треба да излезе годината.

„Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европски таленти на меѓународниот филмски пазар. Во Европска филмска промоција, каде Агенцијата за филм е членка, досега во оваа програма учествувале многу познати актери од Европа.

Меѓу нив биле Matilda de Angelis (The Undoing), Carey Mulligan (Promising Young Woman, The Great Gatsby), Alba Rohrwacher (Happy as Lazzaro), добитничката на Оскар – Alicia Vikander (Tomb Raider) и други.

Од Македонија, оваа награда досега ја добија Лабина Митевска во 2009, Наташа Петровиќ во 2011 и Благој Веселинов во 2019.

Scroll to Top