Сашко Кедев го искачи врвот Брод Пик, само неколку недели откако го освои најсмртоносниот врв во светот К2

By

Познатиот кардиолог Сашко Кедев по кусо време откако на 22 јули го искачи врвот на К2, вториот највисок врв на светот на Монт Еверест, тој го освои Broad Peak, висок 8.051 метри.

dobivaj vesti na viber

Веста за ова може да се прочита на интернет страницата  „Мt Еverest Тoday.com“.  Името на Кедев е меѓу членовите на алпинистичка експедиција кои тргнале во поход кон овој врв.

„На 29 јули, планинарите се искачија на Broad Peak околу 13:30 часот по пакистанско време. Според информациите, тие се соочиле со обилен снег. Истиот ден сите членови безбедно се вратиле во кампот 3. Тие сега се спуштаат назад во базниот камп“, се наведува на оваа интернет страница.

Broad Peak е планина во Каракорам на границата на Пакистан и Кина, дванаесетта највисока планина во светот со 8.051 метри.

Во 2009-та Сашко Кедев се качи на врвот на Монт Еверест.

 

 

Ќе ви се допадне