„Се чувствувам како дете пред екскурзија“ – Сани во петок на прв настап во кафеана

Од денес веќе нема полициски час. Кафулињата и кафеаните од утре се отвораат, а со тоа и пејачите се враќаат на своите редовни настапи. И само што беше соопштено дека нема полициски час, а кафеаните почнуваат со работа, осамна и првата најава за забава во петок, после работа со Сани Гроздановска, која ќе пее во еден од најпопуларните скопските локали. Возбудена пред настапот во петок, на „афтерворк парти“, Сани за „Репортер“ ни раскажа како се чувствува по паузата од три месеци.

„Едвај чекам пак да запеам. И едвај чекам да видам луѓе зашто три месеци не сум излезена. Знам и што ќе облечам, и маска дизајнирана имам. Не се плашам веќе од короната, но секако дека ќе бидам внимателна, оти вирусот сè уште е тука. Но, настапот е на летната тераса. И сè уште сум многу возбудена и не можам да поверувам дека е вистина. Се чуствувам како дете што ќе оди на екскурзија. Долго време го чекав ова и конечно ете ме, се враќам на настапите“, раскажа Сани за „Репортер“.

Таа вели дека последен пат настапила на 8 март и оттогаш седи дома.

А. Георгиев

 

Scroll to Top