Пејачката Викторија Лоба се омажи за нејзиниот долгогодишен партнер, бизнисменот Ѓорѓи Калешов. Тие се венчаа викендов во Охрид во црквата Свети Канео. Таа за венчавката одбра бел фустан од Ателје Коцарева, а Ѓорѓи носеше патики и беше облечен во кежуал стил.
По црковната венчавка со пријателите и семејството, Викторија и Ѓорѓи прославија во летната бавча на ресторанот Канео.
Викторија и Ѓорѓи се свршија во 2019 година. Во интервју за Репортер тогаш пејачката рече дека нема веднаш да прават свадба.
За потсетување, пред два месеци во Охрид се омажи нејзината мајка, Татјана Луговаја.
View this post on Instagram