Се ожени пејачот Филип Божиновски кого публиката го запозна по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
По 12-годишна врска со својата девојка Сања, тој вчера правеше свадба во ресторанот „Ла Тана“. Се пофали и на социјалните мрежи велејќи: „По 12 години љубов, по 12 години разбирање, караници, преубави моменти поминати заедно, дојде време да почнеме ново поглавје во нашиот живот“, напиша младоженецот.
На свадбата било многу весело, се играло и се пеело, а за атер на младенците пееле и неговите колеги, кои биле на свадбата.