Се ожени министерот Благој Бочварски, едноставна венчаница за 12 години помладата невеста

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, вчера се ожени со 12 години помладата Маринела Серафимова од Штип. Тој беше облечен во класичен костум, а невестата носеше едноставна венчаница. Слики од свадбата на својот фејсбук-профил објави сопругата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Андријана.

Благој и Маринела се свршија лани во август, а претходно беа во врска една година. Пред да стане министер, Бочварски беше пратеник во собранието, па стана градоначалник на Штип. Маринела, пак, пред една година дипломираше медицина.

 

Scroll to Top