Се ожени ракометарот Александар Шпенде: љубов со Марија и уште еден македонски зет

Словенечкиот ракометар Александар Шпенде, кој пред две години беше дел од екипата на Металург и беше најефикасниот играч во тимот од Автокоманда, се ожени со ракометарката Марија Гаиќ. Шпенде стана македонски зет, а љубовта со Марија почна уште во времето кога тој играше за Металург. Дека се венчале, двојката објави на социјалните мрежи. За потсетување, Шпеде си замина од Металург по само една сезона. Од јануари го носи дресот на екипата на Базел. Кариерата не му се погоди во Македонија, ама па му се погоди љубовта, велат нивни блиски.

Scroll to Top