Се ожени Столе Стоилов, мала забава за капитенот на „Вардар“

Ракометарот Столе Стоилов денес се ожени со својата девојка Деница. Двојката чека принова, а веста дека ќе станат родители ја објавија  зимата во февруари. Столе и Деница, која е уметница, планираа голема свадба, но поради пандемијата со коронавирусот, свадбената веселба беше одложена. Денес направија само мала забава за најблиските и семејството. Двојката претходно склучи граѓански брак.

Столе и Деница пред да се земат беа во љубовна врска една година.

Scroll to Top