Се разведува Туна Сејдиу, пропадна и вториот брак на пејачката

Пејачката Туна Сејдиу се разведува од косовскиот пејач Патрис Бериша по скоро пет години брак. Ова е втор развод на Туна, која претходно беше мажена за бизнисменот Рилинд Река, но тој брак траеше кратко. Редакцијата на „Репортер“ побара изјава од пејачката дали се разведува, но до овој момент таа не одговори на пораката.

Блиски пријатели на Туна за „Репортер“ кажаа дека таа решила да се раздели од сопругот бидејќи бракот со Патрис веќе не функционирал.

„Туна сега отиде на патување со синовите Тиан и Зен“, рекоа пријателите на пејачката и ни кажаа дека таа купила и куќа во која живее со своите две деца.

Туна и Патрис се венчаа во 2017 година, а брзо потоа се роди нивниот прв син, Тиан. Лани Туна го роди вториот син Зен и тогаш на социјалните мрежи објави фотографии од моментот на породување.

 

Scroll to Top