Сигурно се сеќавате на хитот „Фејсбук“ или познат по стихот „Кај си бе брат, на Фејсбук сум бе брат“ на Никола Митрески – Никлеман од времето кога Фејсбук ја доживуваше најголемата експанзија во светски рамки.
Во 2010-та прв пат се појави македонскиот хит „Фејсбук“, а благодарение на Никола Угриновски -Угро доби нов квалитетен видеозапис една година подоцна, во 2011-та.
Авторот на тој хит и уште неколку други песни ја промени својата професија, денеска Никола Митрески е во банкарскиот свет. Тој е дел од тимот на „НЛБ Банка“, а преку својата продукција огранизира и менаџира настапи на неколку атрактивни пејачи, меѓу кои и годинешните победници на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески и Алекса Перовиќ.
Во продолжение да се потсетиме уште еднаш на големиот хит.