Седум титули за Македонија на детскиот избор за убавина кој се одржа во Бугарија

Седум деца од Македонија вчеравечер во  Банско, Бугарија, освоија седум титули. На детски избор за убавина, Little Miss & Mister Galaxy 2022, имаше 6 деца претставници во различни возрасни категории и сите успеаја да освојат титули :

Малиот Михаил Михаилов, 5 г. од Куманово го освои првото место и титулата Little Мister Galaxy 2022 grand prix .
10-годишната Нина Црнокрак од Скопје исто така го освои првото место и титулата Little Miss Galaxy 2022 Grand Prix
Матеја Дудиќ Дамјаноска, 12 г. од Тетово ја освои титулата победничка Pre-teen Galaxy 2022 (до 12г)


14-годишната Дора Стефанова од Скопје ја освои титулата победничка Miss Teen Galaxy 2022 до 15-годишна возраст.
Јована Угриноска, 16 г. од Прилеп ја освои титулата победничка Miss Teen Galaxy 2022 во конкуренција до 17 години .
И шестата наша претставничка, 13-годишната Елена Додевска од Скопје, освои две титули, Little Princess Galaxy 2022 и специјална титулата од општината Банско, која беше покровител на манифестацијата .

Модното студио Црнокрак чии членови се сите овие деца и кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој голем детски интернационален избор за убавина од Бугарија се враќа дури со 7 титули .

Изборот се одржа во хотелот Гранд во Банско, во организација на модната агенција Intersound од Софија, која 12 години по ред е домаќин на оваа манифестација.
Децата на изборот се претставија во модели од Елена Лука, Бамбисимо, Пиколини, Пепика ателје, Луме Дизајн, Аполо, Нептун

Scroll to Top