Секси Јованка си го промени името па и се врати на музиката

Фолк пејачката Јованка Житарова се врати по повеќе од една деценија на сцената. Овој пат, наместо со фолк, реши да се занимава со поп музика.  Јованка си го промени и името, па од Јованка стана Јова.

Годинава ја сумираше со секси новогодишна фотосесијата  што ја подготви за своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

„Никогаш не е предоцна да почнете од почеток. Да стиснете пауза. Да вдишете и издишете. Потоа, да почнете одново. Не морате да се губите себеси во хаосот, да ги прифаќате работите такви какви што се, мислејќи дека тоа е тоа што го заслужувате. Не морате да ги чувате своите тага и бес во себе, мислејќи дека никогаш нема да побегнете од нив. “! – напиша Јова на својот Инстаграм во пресрет на новата 2021 година.

Scroll to Top