Секси торта за Моника: сопругата на ракометарот Филип Кузмановски славеше роденден

Викендов, сопругата на ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски, Моника славеше роденден. Таа наполни 28 години и објави неколку роденденски фотографии на Инстаграм. Моника и Филип во 2019 година се венчаа после неколку години врска. Свадбата беше на отворено во Битола. Невестата носеше венчаница со голо рамо што ја следи линијата на телото, а Филип избра елегантен тегет костум. Меѓу гостите на свадбата беше и ракометарот Дејан Манасков, кој е братучед на Моника.

Scroll to Top